-->
-->
Бундес лига: Баер и Вердер одиграа 1-1
-->
Првиот натпревар од 24.коло од Бундес лигата одигран синоќа меѓу Баер Леверкузен и Вердер заврши без победник 1:1. Баер поведе во 7.минута со голот на Кевин Воланд, а изедначи Клаудио Пизаро во 79.минута. Баер дуелот го заврши со 10 играчи откако во 90.минута поради втор жолт картон беше исклучен Вендел, но оваа екипа испушти победа откако Омер Топрак во 90+6.минута не искористи пенал. Неговиот удар голманот на Вердер Феликс Виедвалд го одбрани. Баер е на 10.место со 31 бод, додека Вердер е на 14.место со 26 бодови.
Во ова коло денеска играат: Баерн – Ајнтрахт, Дармштат –Мајнц, Фрајбург – Хофенхајм, Херта –Борусија Дортмунд, Лајпциг – Волфсбург и Инглоштат – Келн. Во недела се играат дуелите: Шалке - Аугс–ург и Хамбургер – Борусија Менхенгладбах.
Табела: Баерн 56 бодови, Лајпциг 49, Борусија Дортмунд 43, Хофенхајм 41, Херта 37, Ајнтрахт 35,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија се подготвува за седмите претседателски избори
-
Гласаат затворениците во Идризово
-
Гласањето во Прилеп без проблеми
-
ССМ повикува на масовна поддршка на првомајскиот протест
-
Прилепските цркви и годинава со хуманитарна акција пред Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024