Македонија
13. јуни 2021 - 17:03

Букурешт обоен во црвено жолта боја, специјални подготовки и од оние кои останаа дома

Социјалните мрежи се преполни со видеа од начите навивачи кои отпатуваа во главниот град на Романија за да им бидат најголема поддршка на репрезентативците на вечерашниот натпревар против Австрија. Црвено-жолта боја по улиците, македонски песни ечат насекаде, македонските знамиња развиорени на секој чекор. Битолските навивачи кои се дел од многубројната „Фаланга“ во Букурешт, велат дека чувството не се опишува и дек Романците биле добри домаќини.

-Поголем мотив од ова нема, да ја бодриме нашата репрезентација, на првото Европско првенство. Не има од цела Македонија. Да ја бодриме Македонија да направи добар резултат. За Романците како домаќини, мислам дека ги добивме нивните симпатии со тоа што сме подобри од Австријците, вели  Стојан Стојановски, навивачи од Битола.

Голем број битолчани заминаа во Букурешт директно од трибините да ги бодрат репрезентативците, а во Битола пак ќе се навива од едно навистина интересно место.

„Ла гараж“ - гаражата во сопственост Миле Срната, кој е страствен навивач заедно со своите пријатели. Од 2004 година ова место е нивни храм кога се работи за навивање за омилениот клуб и репрезентација. Се е подготвено за натпреварот со вечерва, цел ден се пуштаат навивачки песни. Миле ни открива дека заради возбуда, ноќта тешко поминала. Но, денот дојде, а тие се подготвени за навивање.

-Конечно доживеавме да го дочекаме овој ден, за кој дишеме заедно со нашата репрезентација, голем поклон до сите репрезентативци, Конечно нацијата се обедини, сите исто дишеме, исто навиваме. Ноќта тешко помина, се будам, станувам и дишам за репрезентацијата. Дружбата ни е обично за фудбалски натпревари, во срцето го носиме Пелистер, репрезентацијата ни е над се, вели МИЛЕ НИКОЛОВ, НАВИВАЧ ОД БИТОЛА.

Македонските навивачи во Букурешт не останаа незабележани и од тамошните телевизиски екипи. Едноставно, ова е голем момент за Македонија, а навивачите се тука за да бидат ветерот во грб на македонската фудбалска репрезентација на дебитантскиот настап на едно Европско првенство.