Македонија
8. March 2017 - 16:24

Бујар Османи потврди - СДСМ ги прифатиле максималистичките барања на албанските партии од платформата

Додека СДСМ молчи, ДУИ открива дека Заев комплетно ја прифатил платформата на Еди Рама.

Покрај воведувањето двојазичност на цела територија, од СДСМ се согласни да се промени македонската химна, а единствена пречка за тоа е недостатокот на двотретинско мнозинство во Собранието

Османи вчера за 24 Вести потврди дека а Бихаќка немаат проблем да ги обвинат борците од НОБ дека извршиле геноцид врз Албанците

Зборувајќи за преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, Османи конечно призна дека тие пропаднале бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ не биле расположени да им го дадат на Албанците она што тие го барале

Обидот на СДСМ и ДУИ да ја инсталираат платформата на албанскиот премиер Еди Рама во Македонија предизвикува огромен револт меѓу граѓаните кои од почетокот на минатата недела се излева на улиците ширум Македонија.