Loading Video...
Балкан
5. November 2020 - 16:42

Бугарското вето се поизвесно - Захариева и Радев велат не може да одобрат преговори

Бугарија се уште не е подготвена да ја одобри преговарачката рамка за Македонија и да даде зелено светло за отворање на преговорите со ЕУ. Ја поддржуваме европската перспектива за сите земји од Западен Балкан, но поддршката за Македонија никогаш не била безусловна, вели шефицата на бугарската дипломатија.

Од самоизолација поради позитивниот тест на нејзиниот заменик, Захариева оцени дека е направен мал напредок во преговорите кој се однесува на краткото име на државава и  загриженоста на Бугарија за територијалните претензии, но дека во оваа фаза, тоа не е доволно.

„За жал од другата страна на границата слушнавме многу заложби и изјави. Се работи интензивно, но не се сме блиску до договор. За некои од нашите предлози во разговорите со нив наидовме на разбирање и постигнавме договор, но се уште не сме таму да кажеме ДА”

Договорот за добрососедство не се спроведува од македонска страна, обвини шефицата на бугарската дипломатија, посочувајќи како официјална Софија гледа на историската вистина.

ВОДИТЕЛ: Заедничка историја е многу општ поим. Ние заедничка историја имаме со Турција, Грција, Америка...

ЗАХАРИЕВА: Со тие држави имаме споделена историја. Тоа е разликата. Вие сте во право, со целиот свет имаме споделена историја, но единствената држава со која имаме заедничка историја во еден период е РСМ...

ВОДИТЕЛ: Но тие го признаваат ли тој момент?

ЗАХАРИЕВА: Па потпишаа договор

Спорот беше тема и на телефонскиот разговор меѓу бугарскиот и германскиот претседател. Бугарија е одговорна членка на ЕУ и нема да дозволи нерешени билатерални прашања да го нарушат единството на Унијата, му порачал Радев на неговиот германски колега Штајнмајер.

Радев истакнал дека Бугарија очекува да добие јасни правно обврзувачки гаранции под влијание на надворешни фактори, дека никогаш нема да бидат доведени во прашање единството на бугарската нација и нејзиното културно и историско наследство

Во меѓувреме, на разумни и храбри пораки повика бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европарламентот Илхан Ќучук. Не остана уште многу време, вели дипломатот, потенцирајќи дека формулацијата за заедничко минато од Договорот за добрососедство, значи и цврсти темели за заедничка иднина.

Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција, повика министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на видео конференцијата посветена за Западен Балкан

Во пресрет на клучниот Совет на општи работи во вторник, утре во Брисел за преговарачката рамка ќе расправаат амбасадорите на земјите член