Македонија
15. August 2022 - 16:25

Бугарското МНР ги поздравува договорените заклучоци на Комисијата

Бугарското МНР објави соопштение со протоколите од 2019 и 2022 година, поздравувајќи ги договорените препораки за заедничко чествување на петте личности и договорените препораки за учебниците во двете држави. Договорените детали за заедничкото чествување за личностите практично се прикачени на протоколот од 2019 година и нивниот текст уште тогаш бил усвоен на меѓувладината конференција.

МНР е благодарна за досегашната активност на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања и ја охрабрува да продолжи поинтензивно со своите напори со цел завршување на нејзините работи за сите периоди од заедничката историја согласно со членот 8 линија 2 од Договорот за пријателство и добрососедство и соработка, стои во соопштението на бугарското МНР.