Бугарското МНР донираше опрема и средства во три пелагониски училишта
Министерството за надворешни работи на Република Бугарија ги промовира донациите во опрема и средства во три основни училишта во општините Новаци и Могила.
Донацијата во подрачното училиште „Славко Лумбарковски“ во селото Бач ја претставија бугарскиот амбасадор во земјава Анѓел Ангелов, конзулот во Битола Димитар Иванов и министерот за здравство во бугарската Влада Кирил Ананиев кој во име на бугарското МНР додели компјутер и опрема за тамошното училиште.
-Донацијата е во рамки на програмите за поддршка на РС Македонија во која има проекти од различни области, од сферата на образованието, инфраструктура, здравство, како и други полиња. Донацијата за училиштето во Бач е со цел да им се помогне на учениците, децата од овој крај да имаат поквалитетно образование, истакна амбасадорот Ангелов.
Освен во Општина Новаци, бугарски донации беа доделени и промовирани и во две основни училишта во селата Радобор и Чарлија во Општина Могила.
-Во новачкото село Бач реконструиран е кровот на училиштето кој е на површина од околу 500 квадратни метри и спортската сала со површина од околу 400 квадратни метри која внатрешно е целосно реновирана. Република Бугарија донира околу 45.000 евра, додека Општина Новаци околу 9.500 евра за училиштето во кое денес учат 50 ученици, посочи градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари