Македонија
25. јуни 2022 - 16:36

Бугарското МНР бара Скопје да ги потпише протоколите, аналитичарите велат дека преговорите допрва почнуваат

Бугарското МНР чека и очекува Скопје да се согласи со предлогот кој вчера беше усвоен во Бугарското собрание.

Сметаат дека тој не излегува од францускиот предлог и дискусиите кои веќе се водени во Европскиот Совет и меѓу Скопје и Софија.

„Ред е одговорните во нашата соседна земја да покажат, не со зборови, туку со дела, посветеност  и желба за сопствената и европската иднина на регионот. Брзината со која ќе Република Северна Македонија ќе пристапи во ЕУ, зависи од тоа и нема да се доложи доколку земјата ги исполни европските и добрососедски односи“.

Ден по гласањето за францускиот предлог проширен со 4 дополнителни услови, Радев смета дека бугарската дипломатија можела уште подобро.

Одлуката на Парламентот е само почеток на сложен и долг процес во кој Скопје и Софија ќе треба да постигнат договор, сметаат аналитичарите во Софија. Велат преговорите допрва почнуваат.

Вчера, БГ парламент го усвои францускиот предлог, но го дополни со уште четири услови. Впишување на бугарите во македонскиот Устав, дека ништо во процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик, гаранции дека добрососедските oдноси ќе бидат постојан критериум во процесот на пристапување под надзор на Европската комисија и вклучување на протоколите на мешовитата меѓувладина комисија.