Бугарското државјанство на цена, еве кои народи земаат бугарски пасош
Во 2015 година Бугарија доделила државјанства на 1.275 луѓе, од кои 99 проценти не се жители на земји членки на Европска унија, објави Евростат.
Најголем број од нив (17,6 проценти) се Украинци, потоа Руси (16,8) и Турци (14 отсто).
Сите странци кои добиле државјанство во Естонија, Летонија и Романија потекнуваат од земји кои не се членки на ЕУ.
Најголем број на државјанства во земјите членки на ЕУ добиле Мароканци, Албанци и Турци. Во 2015 година земјите од ЕУ дале државјанстав на околу 840.000 луѓе.
Мароканците најчесто се натурализирани во Шпанија, Италија и Франција, Албанците во Италија и Грција, а Турците во Германија. Романците и Полјаците се меѓу државјаните на ЕУ, кои најчесто аплицираат за пасош на друга членка на Унијата.
Евростат наведува дека е забележан пад на бројот на молби за државјанство од 2013 година. Во 2015 година регистирано е намалување на новоиздадени државјанства во споредба со претходната за 50.000, а во однос на 2013 година за 140.000.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот