Бугарско МНР: Време е политичката елита на Македонија да покаже зрелост
Веруваме дека демократијата е вкоренета во општеството на Република Македонија. Референдумот е највисок демократски чин - со изразената волја на оние кои учествувале во него и имајќи ги предвид оние кои не гласале. Граѓаните имаа слободен избор, а над 90 отсто од оние кои гласаа на овој консултативен референдум експлицитно ја изразија желбата земјата да биде дел од европската и евроатлантската заедница. Нивниот глас е видлив и јасен и поради тоа не може да се игнорира.
Ова се наведува во соопштението од бугарското Министерство за надворешни работи за вчерашниот референдум во Македонија.
- Време е целата политичка елита на нашиот сосед да покаже зрелост и да најде начин да ги решат тешките проблеми. Залогот е голем - иднината на државата и иднината на сите нејзини граѓани. Големо мнозинство граѓани се „за" членство во ЕУ и во НАТО. Губењето време не е од корист ниту за земјата ниту за регионот. Република Бугарија ќе продолжи со поддршката за нашите браќа и сестри од Република Македонија и интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО, пишува во соопштението на бугарското МНР.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари