Loading Video...
Свет
8. October 2018 - 17:46

Бугарските власти го истражуваат бруталното убиство на новинарката Викторија Маринова

Бугарските власти го испитуваат бруталното убиство на 30 годишната новинарка Викторија Маринова. Таа во саботата била претепана, силувана и потоа задавена. Нејзиното тело било пронајдено во парк во градот Русе, во сверниот дел на земјата. Викторија Маринова работела на истражувачки стории за проневера на пари за изградба на патишата во Бугарија. Била и уредник  на бугарската телевизија ТВН. ЗАсега полицијата нема докази дека убиствоот е поврзано со нејзината работа. Ова е четвртото убиство на истражувачки новинар во ЕУ за нешто повеќе од една година, по случаите во Словачка , Малта и Данска.