Македонија
16. February 2018 - 16:19

Бугарските владици не стравуваат од СПЦ за односот со МПЦ-ОА

Срамежлив обид за заеднички молебен на гробот на Гоце Делчев се случи денеска во црквата Свети Спас во Скопје.

Бугарскиот митрополит Николај, отслужи краток помен, но претходно повика еден од свештениците на МПЦ да застане десно од него и да присуствува на црковниот чин, заеднички пеејќи вечна ја памјат. 

Сепак овој чин е далеку од она што треба да значи заедничко сослужување меѓу македонската и бугарската црква цел кон која тежнее МПЦ. 

Пловдискиот митрополит вели дека бугарската црква нема старав од СПЦ, но сепак чекорите кои ги влече покажуваат на голема претпазливост. 

Покрај Пловдискиот митрополит Николај, во делегацијата на БПЦ заедно со претседателот Румен Радев е и Старозагорскито митрополит Кипријан, кој е и претседател на комисијата за разговори со МПЦ. 

Тој во ексклузивната изјава за Сител, вели дека овие два дена ќе имаат средби со Македонските владици со надеж да се интензивира процесот за признавање на Македонската православна црква.

Двајцата митрополити попладнево имаа ручек со премиерот Заев, на кој присуствуваа и владиците Климент и Иларион. Вечерва пак е закажана вечера кај претседателот Иванов во присуство на Архиепископот Стефан и Митрополитот Петар. 

Двајцата бугарски владици ќе посетат и дел од манастирите на МПЦ.