-->
-->
Бугарските социјалисти побараа оставка од Борисов и предвремени избори
-->
- Бугарската социјалистичка партија (БСП) денеска организираше собир на планината Бузлуџа, од каде побара да се стави крај на сиромаштија и корупцијата. Собирот се организираше на местото каде што во 1891 година била формирана бугарската Комунистичка партија.
- Време е не само да кажеме „оставка“ туку и предвремени избори, изјави Сергеј Станишев, лидер на пан-европската Социјалистичка партија и поранешен водач на бугарските социјалисти. „Не се живее со 200 лева“, додаде претседателкат на БСП Корнелија Нинова.
Редовните избори се закажани за 2021 година, но БСП се надева да капитализира на намалувањето на популарноста на партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, што се виде и при социјалистичката победа на претседателските избори, на кои беше избран генералот Румен Радев. Организаторите велат дека над 70.000 луѓе дошле на нивниот собир, на кој се протестираше и против драстичниот пад на населението на Бугарија, односно исселувањето од земјата.
На митингот организиран во близина на запуштениот монументален споменик на бугарскиот комунизам настапи и српскиот музичар Горан Бреговиќ, а присуствуваа и социјалисти од регионот. Свое видео обраќање имаше и македонскиот премиер Зоран Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово