Бугарските европратеници држеа лекции по историја на Мешовитиот комитет во Стразбур
Тензична дебата во Стразбур на тема добрососедство. Бугарските европратеници ја обвинија Македонија за постојани провокации и кражба на бугарската историја и култура. Како пример беа спомнати фудбалскиот напревар меѓу екипите на двете држави во Скопје и палењето на бугарскиот културен центар, а европратеникот Џамбаски дури се посомнева дека пописот во Македонија бил фингиран со цел да покаже помала бројка на бугарски грагани. Дискусијата кулминираше кога македонските пратеници објаснија како и зошто македонските граѓани посегнуваат по бугарски пасоши.
Бугарскиот европратеник Јорданов одржа и леција по историја и книжевност во 19 век објаснувајќи меѓу другото дека браќата Миладиновци собирале бугарски песни, поради што неколку пати беше опоменат од колегите од Холандија дека не е на предавање.
Состанокот на мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Македонија и ЕУ заврши со усвојување на заеднички препораки во кои се поздравува отворањето на преговорите, реформите, како и напорите да се решат културно-историските разлики со Бугарија, одделно од процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар