Бугарскиот вицепремиер Симеонов поднесе оставка
Бугарскиот заменик-премиер Валериј Симеонов синоќа поднесе оставка, откако беше изложен на притисок да се повлече од функцијата поради навредите упатени кон активистите за заштита на лицата со посебни потреби.
- Поднесувам оставка поради континуираната медиумска кампања против мене. Таа кампања им штети на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за нејзината нормална работа, изјави Симеонов на прес-конференција во Софија на која ја најави својата оставка.
Тој нагласи дека не можел да дозволи да продолжи таквата состојба и затоа решил да се повлече.</p>
- Не се работи за мене или за партијата на чие чело сим, тука за Владата за која сметам дека е многу успешна, додаде Сименов.
Тој нагласи и дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не извршил притисок врз него да поднесе оставка.
Како што јави БТА, Борисов ја прифатил оставката на неговиот заменик.
Симеонов, кој е лидер на националистичка партија Национален фронт за спас на Бугарија (НФСБ) и на коалицијата Обединети патриоти (ОП), беше вицепрмиер задолжен за економска и демографска политика.
Скандалот изби поради неговата изјава дека активистите за заштита на правата на лицата со посебни потреби се „разврескани жени“, кои ги злоупотребуваат своите болни деца.
Ново на Сител
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК