Бугарскиот претседател смета дека БПЦ треба да води сметка за блискоста со Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека прашањето за заложбите на Бугарската православна црква за признавање на независноста на МПЦ-ОА се во целосна надлежност на БПЦ, но треба да се води сметка за блискоста со Македонија.
- Тоа прашање е целосно во прерогативите на Бугарската православна црква. Но за време на мојата официјална посета во Република Македонија јас бев со двајца бугарски митрополити – Николај и Кипријан. Тука државата не може да се меша, но треба да се води сметка кога православните цркви ќе го решаваат тоа прашње дека од двете страни на границата меѓу Макеоднија и Бугарија имаме заеднички имиња, имаме заедничка историја, имаме заеднички празници и сме исклучително блиски. Нека води сметка за тоа и црквата, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.
Одговорот на Радев беше за тоа дали ги поддржува заложбите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ-Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви.
Бугарсиот претседател Румен Радев беше во посета на Македонија во минатиот месец и притоа го посети Бигорскиот манастир каде од свештената бигорска обител беше пречекан во манастирски и црковен ред. Радев беше првиот претседател на странска држава кој го посетил тој манастир.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо