Бугарскиот премиер се сретна со извршната директорка на Светската банка | Сител Телевизија
Балкан
7. December 2017 - 10:50

Бугарскиот премиер се сретна со извршната директорка на Светската банка

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија се сретна со извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева, на која и ги претстави приоритетните проекти за поврзување на земјите од Западен Балкан.

Борисов на средбата изјави дека за изградба на важните транспортни, енергетски и дигитални проекти во регионот е неопходна финансиска помош.

Тој додаде дека реализацијата на сите планирани проекти за поврзаност уште повеќе ќе го стимулира бизнисот и туризмот во земјите од регионот.

Георгиева истакна дека иницијативата на бугарскиот премиер за поврзување на државите од Западен Балкан  високо ја оценуваат сите лидери.

Кристалина Георгиева

- Сите политичари од регионот се едногласни за придобивките од Вашата иницијатива и ветуваат дека на територијата на нивните држави ќе обезбедат се што е неопходно, изјави Георгиева.