Бугарскиот премиер се сретна со извршната директорка на Светската банка
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија се сретна со извршната директорка на Светската банка Кристалина Георгиева, на која и ги претстави приоритетните проекти за поврзување на земјите од Западен Балкан.
Борисов на средбата изјави дека за изградба на важните транспортни, енергетски и дигитални проекти во регионот е неопходна финансиска помош.
Тој додаде дека реализацијата на сите планирани проекти за поврзаност уште повеќе ќе го стимулира бизнисот и туризмот во земјите од регионот.
Георгиева истакна дека иницијативата на бугарскиот премиер за поврзување на државите од Западен Балкан високо ја оценуваат сите лидери.
- Сите политичари од регионот се едногласни за придобивките од Вашата иницијатива и ветуваат дека на територијата на нивните држави ќе обезбедат се што е неопходно, изјави Георгиева.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево