Балкан
23. February 2016 - 17:12

Бугарскиот премиер Борисов доби смртна закана

На адресата на бугарската Влада во Софија пристигна писмо со фотографија од Бојко Борисов, со куршум и заканувачка порака, пишуваат денеска бугарските весници, повикувајќи се на извори од безбедносните служби.

Борисов вели дека не е загрижен и дека се тоа се случува поради неговата борба со корупцијата и криумчарењето, пренесува Радио Слободна Европа. 

Бугарскиот премиер минатата седмица нареди да бидат стопирани сите сомнителни јавни набавки, меѓу кои и изградбата на делницата на автопатот „Хемус“, вредна половина милијарда евра. 

Борисов доби закана и за време на функцијата директор на бугарската полиција, потсетува РСЕ.