-->
-->
Бугарскиот патријарх се огласи по барањето на МПЦ
-->
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“.
Кога ќе треба да ја исполниме должноста, тоа и ќе го направиме, изјави бугарскиот патријарх Неофит за Бгнес, во врска барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија до Бугарската православна црква да и биде црква-мајка и да се бори за нејзината автокефалност.
Посетата на бугарскиот претседател Румен Радев и двајца митрополити на БПЦ на Македонија и Бигорскиот манастир, патријархот Неофит го оценува како „радосна вест“.
На прашањето дали по топлиот пречек, наскоро може да се очекува заедничко сослужение меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, патријархот Неофит вели дека „тоа што се случи е радосно, но оти деталите ќе се разгледуваат во иднина во меѓуцрковните односи“.
– Кога ќе биде неопходно, кога ќе треба да се исполни должноста, тоа ќе го направиме, изјави Неофит одговарајќи на прашање дали наскоро ќе ја посети Македонија, откако покана му упати поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан.
Претседателот Румен Радев, потсетува Бгнес, заедно со пловдивскиот владика Николај и старозагоскиот Кипријан, изминатиот викенд беа пречекани со биење на камбани и мноштво народ во најголемиот македонски манастир – Бигорскиот. Тоа беше и прва посета на некој странски претседател на Бигорската обител. Пред да го посетат манастирот, двајцата бугарски митрополити имаа средба со поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. (МИА)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово