Бугарскиот министер за здравство поденесе оставка
Бугарскиот министер за здравство Николај Петров поднесе оставка, која е прифатена од премиерот Бојко Борисов, соопшти утрово прес-центарот на кабинетот.
Во бугарск,и медиуми вчера беше објавена истражувачка сторија, во која се тврди дека Петров доделувал јавни набавки на „свои луѓе“.
Наводно тој доделил јавна набавка на маж, со кој неговата ќерка има дете. Станува збор за период, во кој Петров бил на чело Военомедицинската академија (ВМА).
Авторите на текстот се повикуваат на извештај на Министерството за одбрана, надлежно и за ВМА. Проверката го опфаќа речиси целиот период во кој Петров е началник на таа установа.
Една од јавните набавки, на која ревизорите обрнаа посебно внимание, е периодичната достава на остеосинтетични средства за ортопедија и трауматологија, протетика, артроскопски потрошен материјал. За тие наводи и обвинителството покрена истрага и утврди дека нема доволно докази за судско гонење.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска