-->
-->
Бугарски шофер пронајден починат во камион на Деве Баир
-->
Вчера утро во 09.30 часот во полициската станица за граничниот премин „Деве Баир“, вработен на Царинскиот терминал „Деве Баир“, пријавил дека на терминалот во товарно моторно возило „Волво“ со бугарски регистарски ознаки се наоѓало лице кое не давало знаци на живот.
Од екипа од Итна медицинска помош Крива Паланка била констатирана смрт без траги од насилство, а причина за смртта е престанок на работа на срцето и виталните органи. Утврдено е дека починатиот е Б.Л.Ј. (60) од Дупница, Р.Бугарија.
Истиот на 21.овој месец се упатил со возилото да изврши транспорт до Скопје како крајна дестинација.
На ГП „Деве Баир“ пристигнал на 22.02.2017 година во 14.50 часот. По наредба од Јавен обвинител над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.
Пред една недела во камион со српски регистарски ознаки паркиран кај граничниот премион Блаце во Скопје беше пронајден мртов српскиот државјанин Н.Ј.(38).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево