Бугарски камиони ги блокираа сите гранични премини кон Грција
Бугарски возачи на камиони ги блокираа денеска сите шест контролни пунктови на границата со Грција во знак на протест поради повеќенеделните блокади од грчките фармери.
На граничните премини долги се редовите на камиони и автомобили, а само на пешаци им е дозволено да ја преминат границата. Синдикатите на бугарските камионџии се бесни поради протестите на грчките земјоделци кои предизвикаа блокади на премините за товарни камиони, го нарушија одвивањето на сообраќајот и нанесоа огромни загуби на компании.
Тие порачаа дека ќе продолжат со блокадата се додека грчките земјоделци не ги тргнат своите камиони и ослободат патишта кон Бугарија.
Бугарскиот парламент издаде специјална декларација во која се апелира на ЕУ да покрене прекршочна постапка против Грција заради кршење на европски закони за слобода на движење на стоките.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи