Македонија
23. July 2022 - 16:49

Бугарски интелектуалци против бугарската декларација за македонскиот јазик

Клубот за бугарско македонском пријатлство ја осудува бугарската декларација за македонскиот јазик на МНР на Буграија. Македонскиот е формиран  литературен јазик, тој постои, има своја сложена судбина и одамна не е бугарски дијалект, велат членовите на клубот.

Бугарската изјава за македонскиот јазик е контрапродуктивна. Ги оддалечува народите на двете земји, но ја оддалечува и Бугарија од ЕУ и фундаменталните права на самоопредделување, посочуваат од Клубот.

Според Клубот за македонско бугарско пријателство, декларацијата им служи само на оние кои сакаат да го попречат зближувањето на двете држави и им служат на оние кое добиваат политички поени и заработка оддржувајки го жив конфликтот.