Бугарски игумен подари икона на Бигорскиот манастир
Игуменот на Свештената Тројанска Обител, Неговото Преосвештенство, епископот Велички, г. Сиониј, подари икона со ликот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец на Бигорскиот манастир.
- Светиот и славен Великомаченик Георгиј Победоносец, кој секогаш ги радува и успокојува со добрини и чудеса оние што со љубов му се молат, приреди една нова голема радост за сестрите што ревносно му служат во неговиот Манастир во Рајчица. Станува збор за една преубава икона со ликот на Светиот Великомаченик, изработена во сребрен опков со позлата, украсен со бисери и полудраги камења, велат од Бигорскиот манастир.
Иконата ја донесе јеромонахот Стефан, од Тројанскиот Манастир, заедно со авторите Димчо и Антонија Димчовски и Кирил Томанов – извонреден резбар на минијатури.
Иконата со ликот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец е наменета за истомеиот манастир во Рајчица.
Димчовски се дарители и автори и на прекрасната икона на Светите Рамноапостолни Кирил и Методиј, што пристигна во манастирот на 11 ноември минатата година.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море