Бугарски европратеник бара од ЕУ да нареди итен прекин на „доктрината за антиквизацијата“ во Македонија
Европратеникот Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД на актуелниот вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, во официјално прашање доставено до Европската комисија бара Комисијата, како неформална Влада на ЕУ да нареди „итен прекин на ‘доктрината за антиквизација’“ во Македонија, односно во ПЈРМ, како што тој ја ословува македонската држава.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел,На почетокот на неговото прашање до Еврокомисијата, (линк до прашањето (http://www.europarl.europa.
- Овие прашања се однесуваат на добрососедските односи и на однесувањето. Убеден сум дека ова треба да биде првиот чекор кон пристапувањето во ЕУ. Дали Комисијата инсистира да биде потпишан договорот меѓу ПЈРМ и Бугарија како услов за пристапување во ЕУ? Дали ќе инсистира на тоа дека доктрината за „антиквизацијата“ ќе биде прекината со непосреден ефект, бидејќи тоа им штети на односите меѓу ПЈРМ и нејзините соседи, а истовремено и ги оневозможува изгледите на земјата за пристапување во ЕУ?, се вели во официјалното прашање на бугарскиот европратеник до ЕК.
Ова свое право како член на Европарламентот, Ангел Џамбаски редовно го користи за Европската комисија да ја прашува најмногу прашања поврзани со Македонија, при што за цело време инсистира на притисоци од Брисел врз македонската држава, а поврзани со прашања за кои Македонија и Бугарија преговараат да бидат надминати преку т.н. договор за добрососедство. На посоченото прашње, како што тој наведува, очекува Еврокомисијата да му одговори по писмен пат.
Џамбаски, идната недела на 11-ти јули (вторник), во просториите на Европскиот парламент во Брисел, организира „кратка дискусија за актуелните случувања во ПЈРМ и нејзиниот процес на интеграцијаво ЕУ“. Притоа, наведува дека говорници на оваа округла маса ќе бидат „двајца истакнати научници од Македонскиот институт за наука - Георги Николов и Володја Милачков“. Посочените научници, според приложените биографии, се Бугари, од Софија, а „Македонскиот институт за наука“ е бугарски, со седиште во Софија и нема врска со Република Македонија и со научници, историчари и професори од македонската држава.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање