Балкан
18. February 2016 - 15:00

Бугарски брод од Фронтекс спасил околу 900 мигранти

Бугарски брод што е дел од мисијата на Фронтекс крај грчкиот остров Лезбос спаси околу 900 мигранти, изјави портпаролката на Агенцијата, Ева Монкјур.

Бродот „Обзор“ е со должина од 43 метри и може да преземе многу повеќе мигранти од малите патролни бродови на Фронтекс чиј максимален капацитет е 50 луѓе.

- Бројката од 900 мигранти била достигната во три маневри на бродот – од Митилини на Лезбос и турскиот брег кои се на околу осум километри, прецизира портпаролката, јави БТА.