Македонија
5. February 2023 - 16:35

Бугарски аналитичари - настаните покажуваат колку е важно да прекинат провокациите

По инцидентот на граничниот премин Деве Баир во кој директно е вклучен и пратеник од партијата Преродба буграските аналитичари реагираат дека ставовите на радикални групи кои работат за нечии интереси не ги одразуваат ставовите на големиот дел од граѓаните во двете земји. Проблемот е од поодамна а не од вчерашното чествување, вели во изјава за Сител бугарскиот политиколог Андреј Врабчев.

Уште пред чествувањето на Гоце поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов заедно со потомците повика на разум за време на чествувањето. Стојанов смета дека иднината на добрососедските односи зависи од меѓусебното почитување едни кон други.Според него, најважно е да се воспостават нормални односи меѓу македонците и бугарите.

Според политкологот Варбчев, членството на Македонија  во ЕУ е од интерес и на двете држави.

По случувањата на македонско бугарската граница,  бугарските политички чинители реагираат дека дека она што се случуваше во Македонија сериозно ќе се одрази на македонските евроинтеграции.