Балкан
29. јуни 2017 - 11:45

Бугарската полиција заплени 64 килограми амфетамин

Бугарската полиција во еден минибус на преминот Видин-Калафат на границата кон Романија, заплени 64 килограми амфетамин, јави БТА.

Во минибусот, кој патувал од Полска кон Бугарија, покрај амфетаминот, полицијата пронашла и 990 литри анхидрид на оцетна киселина, што се користи за производство на хероин, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.

Полицијата го привела возачот на минибусот, протов кого е покрената кривична псотапка.

Во полициското соопштение се наведува дека истрагата за овој случај продолжува.