Бизнис
24. February 2017 - 20:02

Бугарската мусала софт најавува проширување на инвестицијата во македонија

Добрата бизнис клима, соработката со владата и квалификуваната работна сила биле одлучувачки бугарската компанија Мусала Софт да донесе одлука да инвестира во Македонија.  Крајот на 2015 та година ја објавија својата одлука, денеска најавуваат проширување

Компанијата на почеток започна со скромни 10 вработени, сега  брои  100 Ит техничари. Но плановите не застануваат тука .

Во наредните 3 години компанијата планира бројот на вработени во Македонија тројно да го зголеми, односно да достигне 300 вработувања.

Ние планкираме да се шириме и во македонија и во региојот, така да плановите на компанијата се пред 2020 година вкупниот број на вработени да достигне 1,000 лица. И македонија е значајна за наше прошорување, изјави Елена  Маринова, генерелен директор на Мусала софт

На пазарот се потешко може да се најде квалифукуван  ИТ кадар, но  тоа, велат е глобален проблем. Затоа почнале соработка со универзитетите, кои најдобрите студенти ќе им ги праќаат на обука.

Во светот недостасуваат 4,5 милиони ИТ техничари, а само во Европската Унија еден милион. За да се надмине проблемот постојат 2 решенија, првото – компаниите треба да бидат силмно конкурентни, да имаат доби бизнис прокет и да им овозможуваат развој на вработените, а второто решение е Владите што поскоро да сфатат дека иднината е во ИТ секторот, и да вложат напор за негов развој, ако сакаат да имаат успех во иднина, додаде Маринова

Инаку софтверската компанијата е основана во Бугарија во 2000 та година, клиенти им се меѓународни компании и владини институции ширум светот.