Македонија
12. November 2015 - 16:44

Бугарската компанија Мусала софт ќе инвестира 20 милиони евра и ќе вработи 300 лица

Мусала софт е е името на новата компанија која ќе инвестира  над 20 милиони евра во Македонија.  Станува збор за водечка компанија за софтерски услуги, чии клиенти се Дојче Телеком, ДХЛ, ИБМ, Мобилком Австрија групацијата, ОМВ, Теленор , Сап и многу други.  Најавуваат вработување на 300 лица во наредните години.

Компанијата започнува со работа во Македонија како резултата на напорите што Владата, Агенцијата за привлекување на странски инвестиции ги направија ни се разбира е и потврда на интересот на странските компании  за Македонија како поволна бизнис дестинација, подвлече вицепремиерот Владимир Пешевски.

Бугарската  компанија  најавува ангажирање на висококвалификувана работна сила, а веќе започнаа и со првите вработувања.

Станува збор за висококвалификувани работни места  и ќе се ориентираме главно кон извозот. Веќе имаме повеќе пд 10-на вработени а во наредните години планираме брзо да се шириме, појасни претседателката на компанијата, Елена  Маринова.,

Плановите на компанија се во наредните  години преставништавта во  Софија, Бургас, Русе и Скопје да продолжат да растат и да се отворат нови  кога ќе се создадат услови за тоа.