Балкан
8. April 2019 - 12:06

Бугарската армија на готовс: Испраќаме 3.000 војници на границата со Грција

Министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов изјави дека е подготвен да испрати 3.000 војници на границата со Грција во случај да се влоши состојбата со мигрантите.

Министерот на својот Фејсбук налот објави дека од петокот тој и министерот за внатрешни работи на Бугарија Младен Маринов е во постојан контакст со премиерот на Бугарија.

„Моментално на Бугарија не и се заканува опасност. Без огледа на тоа, за да осигруриме дополнителна гаранција за националната безбедноста на нашата земја, заедно со началникот на Генералштабот на војската, генералот Боцев рано утрово (во понеделник наутро) ќе го известам премиерот на Бугарија Бојко Борисов дека бугарската војка во случај на потреба е подготвена на граница да испрати 3000 војници со единици на транспортна техника, за да им помогнеме на силите на редот да им се спротивстават на потенцијалните групи илегални мигранти“, напиша Каракачанов на Фејсбук.

Како што пренесува „Сега.бг“, по две години затишје  се појави закана од нов миграциски бран. Во петокот над илјада мигранти се собраа во бегалскиот камп на границата со Македонија. Се очекува дека тие би се обиделе да влезат во Северна Македонија, а од таму и во земјите од западна Европа. Поради овие настани Бугарија исто така ја зајакна контролата над своите граници.