Бугарската армија го детонираше екплозивот од дронот кој синоќа беше пронајден кај Тјуленово
Либискиот центар за борба против болести соопшти дека за време на викендот најмалку 150 луѓе страделе од дијареа во градот Дерна по разорните поплави што ја погодија источна Либија.
Властите во Исотчна Либија почнаа кампања за вакцинација против болести кои се пренесуваат преку загадена вода и побараа од населението да користи само флаширана вода која се испраќа во рамки на хуманиртаната помош што ја праќаат многу земји.
Вчера грчки спасувачки тим доживеал сообраќајна несреќа во близина на Дерна. Петмина членови на тимот загинале кога во автубсоот со кој патувале од непознати причини удрил автомобил кој се движел во спротивна насока.
Бројот на загинати во поплавите во Дерна и натаму расте. Црниот биланс надмина 11 300. Бројката на исчезнати се проценува дека изнесува повеќе од 10 000.
Бугарската армија го детонираше екплозивот од дронот кој синоќа беше пронајден кај крајбрежното црноморско село Тјуленово од страна на еден жител. Се работи за напаѓачки дрон долг околу три метри, кој може да прелета околу 300 километри и да носи 5-10 килограми товар.
Не бил детектиран од бугарските воздушни сили.
- Имам прелиминарни информации но не конечни да кажам точно чиј е дрон и од каде дошол. Но, она што сигурно може да се претпостави е дека тоа е поврзано со војната што Русија ја започна против Украина, истакна бугарскиот минситер за одбрана.
Во пресрет на климатскиот самит на ОН, десетици илјади активисти вчера излегоа на улиците на Њујорк со транспаренти на кои пишуваше - ,,Фосилните горива убиваат'', ,,Да се прогласи климатска вонредна состојба'', ,,Cпасете ја планетата''. Им порачаа на светските лидери да ја прекинат употребата на фосилни горива низ целиот свет.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар