Бугарката Ружa Игњатова со измамата „OneCoin“ на листата 10 најбарани бегалци на ФБИ
Ружа Игнатова, позната и како „крипто-кралица“, се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци.
Американските истражители ја обвинија Бугарката дека измамила луѓе за повеќе од четири милијарди долари преку нејзината криптовалута „onecoin“. Таа исчезна во 2017 година, кога американските власти потпишаа налог за нејзино апсење.
Игнатова го водеше проектот „OneCoin“ и на почетокот на 2014 година на клиентите им понуди провизија доколку ја продадат криптовалутата на поголем број луѓе. Но, ФБИ тврди дека „onecoin“ бил безвреден и никогаш не бил заштитен со блокчејн технологијата што ја користат другите криптовалути.
ФБИ ја стави Игнатова на листата на најбарани бегалци, а се бара и помош од јавноста за да ја фатат. Вчера понудија награда од 100.000 долари за каква било информација за тоа каде се наоѓа „криптокралицата“, како што ја нарекоа.
Би-Би-Си наведува дека една од причините зошто Игнатова е толку тешко да се најде е тоа што исчезнала со најмалку 500 милиони долари, што и помогнало да се скрие од законот.
Како што пишува Индекс, Бугарката успеала дури да ја измами и поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, која заедно со уште една хрватска политичарка го поддржала Конгресот на претприемачи во 2017 година со компанијата „OneCoin“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување