Балкан
1. September 2016 - 9:23

Бугарката Наталија Апостолова ja презема денеска функцијата претставник на Европската унија во Косово

Бугарката Наталија Апостолова ја презема денеска функцијата претставник на Европската унија (ЕУ) во Косово од Самуел Жбогар, кој е назначен за шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија.

Последната позицијата на Наталија Апостолова е шеф на делегацијата на ЕУ во Либија.

Таа е назначена за претставник на ЕУ во Косово со одлука на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.