Македонија
1. March 2016 - 15:01

Бугарка дошла во Македонија за да краде

Бугарка дошла во Македонија за да краде. Се работи за 59-годишната Н.Г.Н. од Бугарија која месецов во бутик за детска облека во центарот на Гевгелија, го искористила невниманието на вработената и земала паричник во кој имало пари и документи. Потоа, Бугарката го напуштила бутикот со такси, со кое отишла до автобуската станица, а потоа заминала за Скопје.

Таа си заработи притвор во траење од осум дена.