Македонија
10. April 2019 - 10:43

Бугарин баран со потерница на Интерпол уапсен на ГП Богородица

Рано утрово во 04.15 часот на Граничен премин „Богородица“, при контрола било констатирано дека лицето З.Т.В.(46) од Република Бугарија се наоѓа на листата со мерка „Апси“ по меѓународна потерница од Интерпол, по потрага од Република Романија.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.