Loading Video...
Балкан
1. April 2023 - 16:34

Бугарија во нов обид за избор на Влада

Утре во Бугарија ќе одржат парламентарни избори, петти по ред во последните две години. Овие избори следуваат по четири други на кои ниту една партија не можеше да обезбеди изборно мнозинство или да состави одржлива владина коалиција. Последните анкети покажуваат многу тесна разлика, помала од еден процент, на  Коалицијата Продолжуваме со промената –Демократска  Бугарија  и Герб-СДС. Во идниот парламнет на Бугарија според социолошките истраќжувања ќе влезат и ДПС, проруската Преродба и бугарските социјалисти. Двете водечки партии Герб и Продолжуваме со проемната порачаа дека имаат силна волја да се формриа редовна политичка влада.

Според експертите, пресудна за победникот ќе биде излезноста во метрополата. На претходните 4 изборни циклуси два пати победи екс премиерот Бојко Борисов, еднаш Кирил Петков и еднаш партијата на шоуменот Трифонов.  Македонија го чека исходот од  гласањето во Бугарија со надеж дека ќе се формира стабилна Влада со која ќе се може да се продолжат разговорите за унапредување на добрососедските односи.