Фудбал
26. March 2016 - 10:42

Бугарија со победа над Роналдо доаѓа во Скопје

Репрезентацијата на Бугарија е нашиот следен противник во контролните дуели. Средбата се игра во Скопје на 29. март а екстра мотив за избраниците на Игор Ангеловски ќе биде победата на нашиот противник против Португалија од 1-0. На средбата во Леирија стрелец на единствениот погодок беше Бразилецот со бугарски пасош Марселињо во 19м. 

На оваа средба Роналдо не успеа да реализира пенал во 66м откако бугарскиот голман кој имаше извонредна вечер успеа да одбрани.