Loading Video...
Свет
3. December 2022 - 16:36

Бугарија се налути за ветото од Холандија за влез во Шенген

Холандија ја налути Бугарија. Остри рекации на властите во Софија по одлуката на Холандија да блокира влезот на Бугарија во безвината  Шенген зона на ЕУ следната недела. Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам порача претседателот Раден.

Неодамна тројца бугарски полицајци загинаа чувајќи ја надворешната граница на Европската Унија. Премиерот на Холандија, Марк Руте, недозволиво предложи оваа граница да се помине за 50 евра. Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам! Напиша бугарскиот претседател на фејсбук.

Реагираше  и в.д. министерот за правда на Бугарија, Крум Зарков, кој му порача на холандскиот премиер Руте да биде внимателен, бидејќи ставот на Холандија не е став на целата ЕУ.

Бугарија ќе влезе во Шнеген за неколку дена или за неколку месеци. Претседателот остро и навреме реагираше. Руте предложи за 50 евра границата да се помине. Бугарите загинаа за да не чуваат само нас, туку и нив. Руте да се биде внимателен. Она што го кажа тој не е став на Европа“,

Бугарија чека повеќе од една деценија да биде пуштена во Шенген  зоната, а според Зарков Европскиот парламент и сите членки на ЕУ освен Холандија се на страната на Софија да стане полноправна членка  на таа зона без контроли на внатрешните граници на состанокот на министрите за правда на ЕУ на 8 и 9 декември.

Но Холандија смета дека оваа земја  се уште не ги исполнува потребните услови за членство во Шенген  истакна шефот на холандската дипломатија  Вопке Хоекстра, а премиерот Марк Руте додаде дека одлуката не е политичка , тука се базира на факти. Според него пристапувањето на Бугарија во Шенген зоната може да предизвика прилив на илегална миграција,став кој според холанскиот премир го дели и Австраија.  

Шенген зоната им овозможува на луѓето слободно да се движат, без проверка на идентитетот. Во Шенген зоната има 26 земји-членки, од кои четири не се дел од ЕУ.