Балкан
14. July 2017 - 15:18

Бугарија сака да биде транзитен центар за гас на Европа

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија разговараше со претставникот на Европската комисија, Клаус-Дитер Борхарт за проектот за изградба на европскиот центар за дистрибуција на гас „Балкан" на територија на Бугарија.

Како што јави БТА, на средбата Борисов нагласил дека главен приоритет за Бугарија е да ја зачува својата улога на транзитен центар на гас за европските поторшувачи.

Според Борисов, изградбата на овој гасен центар е важена затоа што ќе придонесе за диверзификација на изворите и маршрутите на гас во Југоисточна Европа.

Се очекува подготовките за реализација на овој проект да завршат до крајот на годинава.