Бугарија преговара со Германија и Франција за позајмување вакцини
Премиерот Бојко Борисов соопшти дека Бугарија во моментов преговара со Германија и Франција за позајмување вакцини, јави ТВ Нова, пренесува дописникот на МИА од Софија.
– Тие доцнат со вакцинацијата или луѓето, и за разлика од Бугарија, немаат редици за вакцинација. Нека ни позајмат сега, за да не го прекинуваме планот, затоа што гледате – тие истекуваат, застануваме ден-два, тие доаѓаат, веднаш започнуваме повторно. А ние веќе плативме 18.500.000 вакцини, и кога ќе ги добиеме -тогаш ќе ги вратиме “, рече Борисов.
Лидерката на опозициската Бугарска социјалистичка партија, Корнелија Нинова, го повика премиерот Борисов: Наместо да се молите на Франција и Германија, започнете разговори со Кина и Русија, како што направија голем број европски лидери.
Нинова на својот профил на Фејсбук коментира дека голем број централноевропски земји започнале разговори со Москва за испорака на руската вакцина Спутник В. „Голем број европски лидери започнаа разговори за набавка и употреба на руски и кинески вакцини. Чешкиот и унгарскиот премиер, австрискиот канцелар дадоа пример за ова“, напиша таа.
Според Корнелија Нинова, фактот дека бугарскиот премиер Борисов преговара за „позајмување вакцини“ од Германија и Франција е признание за целосен неуспех, беспомошност и недостиг на предвидливост.
Оваа недела, на барање на бугарските социјалисти, парламентарната здравствена комисија на својот состанок ќе го разгледа предлогот на БСП, бугарската влада да започне преговори за набавка на руската вакцина.
Ново на Сител
-
Анкета: 56,5 отсто од граѓаните немаат доверба во Владата
-
Рашковски целиот имот го префрлил на своите малолетни деца
-
Австрија нема да ја користи Спутник В без одобрение од ЕМА
-
ВМРО-ДПМНЕ: Помошта ќе беше изгласана и без пратениците во скафандери
-
Од Ковид-19 почина новороденче во Србија
-
Приведен дилер од тетовско за издржување на затворска казна
-
Завршни зборови на судењето за убиството на Џорџ Флојд
-
Сослушани сведоци на одбраната во случајот за протестите за ,,Монструм”