Loading Video...
Македонија
2. October 2020 - 16:36

Бугарија прави промени, ќе ги слави Кирил и Методиј како бугарски наместо како сесловенски просветители

Бугарија го присвои 24-ти мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Отсега официјална Софија ќе го слави како Ден на бугарската писменост, со главен аргумент дека Кирилицата е бугарска творба.

Во бугарското собрание во прво читање помина предлогот од партијата на Красимир Каракачанов, со поддршка од партијата на премиерот Бојко Борисов.

Во образложението се наведува дека ова е логична и природна промена, прв чекор кон признавањето на Кирилицата од ЕУ како бугарска азбука.

Скопје и Софија преку мешовитата комисија на една од првите средби договорија заедничко чествување на Кирил и Методиј како дел од заедничката историја. Но од македонскиот дел од Комисијата предупредуваат да не се мешаат двата процеса, бидејќи вчершаната одлука од бугарското собрание е на чисто политичко ниво и не се поврзува со решенијата на историската комисија.

„Од Комисијата велат дека политиката треба да се држи настрана од преговорите. Македонските историчари предупредуваат дека препорака за заедничко чествување во ниеден случај не може да биде основа за ваквата одлука на бугарското собрание, која е чисто политичка”.

Прогласувањето на 24-мај како Ден на бугарската писменост не помина и без реакции на социјалните мрежи. “Дали Адам и Ева биле Бугари” и “Имал ли Исус бугарски пасош”, се само дел од коментарите по потегот во бугарското собрание.