Бугарија побара од САД помош за заштита на нејзиниот воздушен простор
До помош од страна на САД за заштита на воздухот и просторот би дошло, доколку новите ловци Ф-16 Блок 70 не пристигнат по истекот на часовите на летот на МиГ-29, соопшти министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков на полигонот „Цранча“.
Таму тој ја надгледува завршната фаза на меѓународната вежба на НАТО, што се спроведува истовремено во неколку држави, јави дописникот на МИА од Софија.
Над 3.000 војници од 13 држави се вклучија во меѓународната вежба на силите за Специјални операции. „Цранча“ беше домаќин на дел од меѓународна вежба, каде се вклучија 400 командоси од Бугарија, САД, Романија и од Грузија.
Многу висока оценка за покажаното дадоа амбасадорот на САД во Бугарија, Херо Мустафа, како и министерот за одбрана и началникот на одбраната.
Драгомир Заков соопшти, дека на состаноците во Пентагон го поставил прашањето за потребата од ловци, кои ќе ја спроведуваат заштитата на бугарскиот воздушен простор по истекот на пловидбеноста на МиГ-овите, додека да пристигнат новите Ф-16.
Дали ќе бидат Ф-16, или ќе бидат други авиони, нивен број, од каде ќе се, е дел од разговорите меѓу Софија и Вашингтон.
Ново на Сител
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд, грмежи и ветер