Македонија
17. October 2019 - 16:54

Бугарија не попушта и по вчерашните неуспешни преговори во Охрид

Бугарските војници биле ослободители а не окупатори порача Красимир Каракачанов бугарски вицепремиер и министер за одбрана. Тој реагираше  по неуспешните преговори не мешовитата комисија  во однос на прашањата за Гоце Делчев и забелешките за учебниците по историја.  Каракачанов порача дека Македонија греши со прославувањата на 11 Октомври, Ден на народното востание, и наместо тоа би требало да го празнува 20 април 1941 година. Според него тоа е денот за како што вели целиот народ со леб и сол и биење на камбаните ги пречекувал бугарските војници.

–Не го празнуваат денот во којшто ги ослободивме од српското ропство, кои им ги беа смениле имињата, забрануваа да се нарекуваат Бугари, па и Македонци, ги превртуваа плочите на нивните татковци, за да не се гледа дека пишува на бугарски. Ги нарекуваа Јужни Срби, ги убиваа со митралези. Е тоа тие го заборавија  – дека доаѓа бугарската армија во 41-ва година и ги ослободува, вели Красмир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана на Република Бугарија.

Каракачанов се закани дека никогаш нема да ја компромитира историјата на Бугарија и порача доколку не се решат отворените прашања, Македонија ќе остане да чека во ходникот на ЕУ.

 Дека бугарски фашисти немало порача  и археологот Никола Овчаров од Бугарија. ТОј реагираше на наводите од писмото кое македонските интелектуалци го испратија до Брисел и побараа од ЕУ да возврати на уцените и лагите од Бугарија. Археологот ги повика научниците од Бугарија да возвратат и оцени дека реакциите во писмото се напад и тоа за прашања за кои според него не постои начин Бугарија да се повлече.

Тврдоглаво клише е дека одредени историски личности се Македонци, додека Бугарите се етикетата што им се држи. Цар Самоил ја прифати титулата крал на Бугарија само за да се легитимира пред целиот свет. Истото се случува и сега со Гоце Делчев.

 Мешовитиот комитет за историски прашања треба да биде на поширока основа смета Овчаров и порача Бугарија да не остапува од црвените линии кои се усвоени со декларацијата во Парламентот. За македонскиот јазик кој во писмото се наведува дека е реалност која ја  зборуваат повеќе од 3 милиони, Овчарев смета дека ваквата  теза можел секој филолог да ја побие.