Македонија
25. November 2021 - 16:48

Бугарија не отстапува од ветото за старт на преговорите - очекува конкретни чекори од Македонија

Бугарскиот претседател Радев  очекува конкретни резултати од дијалогот со Македонија. Во телефонскиот разговор со еврокомесарот Вархеји, Радев истакнал дека Софија е отворена за дијалог. Според него,  Бугарија  поставила јасни прашања и очекува одговори и вистинска акција од соседот. Радев е против надворешните влијанија во билатералните  односи меѓу Софија и Скопје. Двете страни треба да се држат до своите обврски за да се деблокира процесот, а во фокусот треба да бидат правата на Бугарите во МК, искоренување на говорот на омраза и почитување на бугарската историја, смета Радев.

Во исто време, привремениот бугарски премиер Стефан Јанев порача дека политиката на Бугарија  кон Македонија останува непроменета. Во интервју за БНТ посочи дека бугарскиот став е потврден и на Советот за општи работи во Брисел.  

-Бугарија нема да отстапи од позицијата за РСМ затоа што во прашање е бугарскиот национален интерес, а исто и за европските фундаменти, како што се правата на граганите на ЕУ.

Привремената влада во Софија прави обиди да им ги објасни на европските партнери бугарските позиции затоа што досега тоа не било напарвено како што треба, вели Јанев.

Пораките од Бугарија доагаат во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ со што е се поизвесно дека деблокадата на македонските интеграции нема да е случи во декември.