Бугарија ќе ѝ прати лесно оружје на Украина
Бугарија ќе и достави на Украина мало и лесно оружје и одредена количина муниција, најави вршителот на должноста министер за економија и индустрија Никола Стојанов, јави ТВ Еуроњуз Бугарија.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, Стојанов е дециден дека помошта што ќе ја даде Бугарија нема да влијае на борбената способност на бугарската армија.
Со одлука на Парламентот, Бугарија ќе и додели помош на Украина. Нема да има тенкови, изјави бугарскиот министер за економија, велејќи дека станува збор за мало и лесно оружје и нешто муниција.
– Она со што Бугарија и помогна на Украина е она што може да си дозволи, за бугарските граѓани да немаат грижи. Бугарската армија останува целосно способна да реагира во случај на опасност, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лицата со малигни заболувања се соочуваат со континуиран недостиг на терапија
-
Николовски: Зголемено производство на струја од домашни капацитети за 30 отсто
-
Ковачки: Во одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев се виде неспособноста на власта
-
Слаб снег на планинскиот превој Ѓавато
-
Уапсени двајца крадци од Битола
-
Влада: Произведени 18.854 мегават часови електрична енергија
-
Две успешни акции на полициски службеници за спасување на лица
-
ОМО Илинден Пирин: Бугарската полиција да открие кој го искрши стаклото на македонскиот клуб