Балкан
5. October 2016 - 8:34

Бугарија ќе гради жичана ограда долга 100 км долж границата со Грција и со Турција

Бугарија ќе гради жичана ограда долга 100 км долж границата со Грција и со Турција и ќе распореди дополнителен број граничари во обид да се спречи прилив на мигранти.

Заедно со постоечката структура вкупната должина на оградата ќе биде над 200 км.

Бугарија ги засили пограничните патроли, а на некои точки ги спроведува заедно со грчки граничари.

Бугарската министерка за внатрешни работи Румијана Бачварова најави дека силите на граничарите ќе добијат 420 модерни џипови, хеликоптери, камери и специјална комуникациска опрема за прием на сигнали на мобилни телефони. Проектот ќе биде финансиран од фондови на ЕУ наменети за негалската криза.