Бугарија ја проучува можноста за купување турски дронови „Бајрактар”
Бугарија ги проучува можноста за купување турски беспилотни летала „Бајрактар“, изјави техничкиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, пренесува БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот технички министер за одбрана изјави дека имало само средба со турската страна, прецизирајќи дека средбата била со извршниот директор на компанијата „Бајрактар“.
Турската компанија понудила информации, соработка и кооперација, вклучително и со бугарски компании, но дека било рано е да се зборува за овој проект.
Компаниите со кои може да се разговара се познати, вели министер от Стојанов, но како што вели, САД се водечка земја. Според него, проектот е во фаза на истражување на пазарот.
Набавката на беспилотни летала е во плановите на бугарското Министерство за одбрана за модернизација на армијата до 2026 година.
Предвидениот буџет за оваа намена се проценува на вредност од 250 до 500 милиони евра.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација