Loading Video...
Свет
5. November 2019 - 19:13

Бугарија ја повика на разговор француската амбасадорка

Бугарија ја повика на разговор француската амбасадорка во земјата, поради упатените навреди од претседателот Макрон, кој во интервју истакна дека „повеќе ги сака илегалните мигранти од Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска, отколку бандите од Украина и од Бугарија“. Интервјуто беше окарактеризирано како дипломатски скандал.

Шефицата на бугарската дипломатија рече дека зборовите на Макрон биле неприфатливи и дека таа не ја разбира причината за ваквата изјава.

Француската амбасадорка изразила жалење за непријатноста, истакнувајќи дека зборовите на Макрон биле погрешно протолкувани и извадени од контекст.