Loading Video...
Балкан
11. July 2021 - 17:02

Бугарија избира нова Влада, анкетите најавуваат тесна битка

Најважно  денеска е Бугарите да излезат и да гласаат масовно  на  предвремените парламентарните избори. Од нас зависи иднината на земјата  порача  службениот премиер на Бугарија Стефан Јанев откако го искористи своето право на глас. Јанев се надева дека   по денешното гласање некој ќе успеа да формира влада. 

-Гласањето е наша одговорност и можност преку партиите да ги покажеме нашите желби и визии за изградба на власт и за транспарентно управување во интерес на Бугарија. Од нас зависи иднината на земјата, нејзините социјални, образовни, економски политики, ги повикувам сите масовно да гласаа... Се надевам дека ќе се формира кабинет по изборите. Сè зависи од предвидлив и стабилен кабинет“ рече Јанев.

По априлските избори ниту една политичка партија не успеа да договори коалиција и да формира влада. Денешните избори се нова шанса. Во изборната трка учествуваат 17 партии и шест коалиции.  

Според  резултатите од анкетите никој не ќе може самостојно да формира влада. Главните ривали деносцентристичката  ГЕРБ на долгогодишниот премиер Борис и антиелитната Има таков народ на на шуоменот и телевизиски водител Слави Трифонов  имаат речиси еднаква  поддршка кај гласачите  со околу 21 отсто.  

Социјалистичка партија на Бугарија  според анкетите ќе биде трета а зад  неа Демократска Бугарија и етничката турска партија Покрет за права и слобода.  Според анкетите влез во парламентот ќе обезбеди и Исправи се, Мафијата надвор. 

Право на глас во Бугарија имаат 6, 7 милиони луѓе а гласањето претежно се  врши преку машини. Лидерот на ГЕрб  Борисов оцени дека на денешните предвремени избори владее тотален хаос и дека гласови се крадат на избирачките места во странство.